
Според американските таблоиди Миранда Кер многу брзо си нашла замена за Орландо Блум.
Според медиумите топмоделот во моментов излегува со Леонардо ди Каприо.
Двајцата биле забележани на журка во Лос Анџелес со што дале потик на гласините.
“Миранда и Лео дефинитивно се во врска. Засега ништо сериозно, но и двајцата претпочитаат врската да биде тајна“, изјавил извор близок на Лео.

