
Во Киев и покрај забраната за јавно собирање сеуште трае масовниот проевропски протест, во текот на кој се случија неколку конфликти, полицијата употреби солзавец и шок бомби, а повеќе од 100 лица биле повредени, вклучително полицајци и новинари.
Во Киев поради одлуката на власта да не потпише согласност за присоединување кон ЕУ, се собрале околу 350 000 души, а конфликтите синоќа се случувале наблизу до претседателската палата каде полицијата употребила солзавец и шок бомби со цел да ја разбие групата демонстранти кои фрлале камења.
Демонстрантите ја бараат оставката на Виктор Јануковиќ и нови избори, а лидерот на опозиционата партија Арсениј Јачењук изјавил дека во понеделник протестите ќе се одржуваат пред Владата и дека од парламентот ќе се бара гласање за доверба на владата.
Протестите во Украина почнаа пред една седмица кога Јануковиќ ја суспендира подготовката за потпишување согласност за присоеднивање кон ЕУ и изјави дека ќе го обнови активниот дијалог со Москва.