Тринаесет годишен ученик од основното училиште „Кочо Рацин“ во Кратово вчера околу пладне бил претепан од наставникот по физичко воспитување.
Инцидентот се случил во училишниот двор, пред спортската сала кога 4 ученици по завршувањето на часот во дворот играле со снежни топки.
Неколку од топките удриле во прозорецот од салата, по што 60-годишниот наставник С.Д. излегол од салата, го фатил едниот ученик за јакната, го турнал на земја и го удирал по нозете и слабината.
Малолетниот ученик од неговите другари бил однесен во кратовската амбуланта каде по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.
Од полицијата информираат дека по пријава на случајот, врз наставникот било извршено алкотестирање кое покажало 0,48 промили алкохол во крвта. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.