Вдовец умрел на сред секс со проститутка!

9 февруари, 20130
prostitucija

Педесет и осум годишниот Боцанец, Хусеин Халкиќ починал на сред секс со проститутка. Вдовецот од Бихаќ, имал секс со триесет и три годишна проститутка А.З. Претходно зел вијагра, што, според полицијата, е причина за смртта.

Според неофицијалните сознанија, Халкиќ пред сексот со проститутката во аптека купил вијагра. Тој имал проблеми со срцето, па се претпоставува дека вијаграта му направила проблем, па срцето му откажало. Лекарите од Бихаќ во вторникот од семејната куќа на Хусеин се јавиле во полиција и информирале дека човекот не дава знаци на живот.

-Полицијата ја повикала А.З. која и порано му пружала сексуални услуги на Халкиќ. Му наплаќала од 20 до 50 марки. И тој ден Халкиќ дошол по неа, а на пат кон неговата куќа застанале покрај аптека тој да си купи лекови –изјавил полицаец кој е дел од истрагата.

По доаѓањето во куќата, на сред секс со проститутката на Халкиќ му се слошило. Додека тој бил врз неа паднал, па вознемирената жена истрчала до првите соседи за да побара помош. Кога луѓе почнале да се собираат, таа од страв и од срам побегнала од куќата, па викнала полиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *