Докажано! Сексот е поефикасен од спортот!

9 февруари, 20130
seks

Да си признаеме, во текот на зимските месеци не сме особено мотивирани за физичка активност, освен ако таа активност не е многу, многу пријатна. Ви текнува што имаме во предвид, нели?

Е, пријатели, имаме добра вест! Веќе е докажано – сексот е полезен, дури многу пополезен и од спортот. Австралиски сексолози стигнале до фактот дека паровите кои редовно „тренираат“ во спалната, имаат пооптимистички став кон животот и се радуваат на подобро здравје!

И ако сте решиле да постигнете идеална фигура, сексот е вистинскиот начин. Со секс се согоруваат голема количина масти, се зајакнуваат мускулите и само за 15 минути ќе се збогувате со 200 калории. Не е лошо нели?

Интересен е фактот дека кога сме возбудени пулсот се зголемува од 70 на 150 во минута. А само за споредба, ова се случува со спортистите само при многу напорен тренинг.

Но да се навратиме на ползите од сексот, зошто се уште не сме завршиле со нив. Сексот е особено полезен сега кога времето е студено зошто го стимулира производството на антитела во организмот и така го зајакнува имунитетот.

Девојки, правете почесто секс зошто така ќе се заштитите од депресија, карактерична за студените месеци.

Зарем имате потреба од дополнителна мотивација за да се препуштите на палави подвизи денес? И утре и задутре…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi