Потребни состојки:
- 3 лажици путер
- лук
- лажица ѓумбир
- 16 пилешки крилца
- 3 лажици мед
- четвртина чаша ворчестер сос
- 3 лажици соја сос
- 3 лажици сусам
Начин на подготовка:
Истолчениот лук и ѓумбир издинствајте ги на путер. Додадете ги крилцата и динстајте уште три минути. Потоа додадете мед, ворчестер и соја сос, па пржете додека не се згусне и пилешките крилца не бидат готови. На крајот додадете сусам, измешајте и послужете.