Потребни состојки:
- 3 половини пилешки гради
- 1 јајце
- 2 лажици вода
- презла
- 2 чаши сецкана брокула
- 5 парчиња сирење по ваш избор
- сол
- масло
- пршута по желба
Начин на подготовка:
1. Рерната загрејте ја на 180 степени. Во мал сад измешјате јајца, малку сол и вода, а во друг ставете презла.
2. Пилешкото исечете го на шницли и по желба можете малку да ги истолчите, ако сакате да бидат потенки. Ако месото е тенко, полесно ќе го замотате и поврзете со чепкалка. Секое парче сирење исечете го на половина.
3. На средина на пилешкото ставете половина парче сирење, а на крајот ставете брокула. Замотајте го пилешкото и поврзете со чепкалка за да не се одмота и малку посолете.
4. Кога така ќе го подготвите пилешкото, натопете го во јајце, па во презла и ставете на плех за печење. Попрскајте со малку маслиново масло и печете околу половина час додека не биде готово.
5. Друга опција, наместо јајцата и презлата за поховање, пилешкото да го испечете посебно и на крај да го замотате во пршута која ќе го подобри вкусот.