Пилешко во сос од пиперки и павлака

4 март, 20130
recept

Потребни состојки:

  • 600гр пилешко бело месо
  • 3 големи свежи црвени пиперки
  • 1 кромид
  • 2дл. слатка павлака
  • 2дл. вода
  • 3 лажици масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

Пиперките малку потпечете ги на скара или во тавче, само за да омекне, не треба да бидат препечени. Измиксирајте ги во блендер.

На масло издинстајте го кромидот, па додадете месо сечено на коцки. Пропржете на силен оган околу 5 минути, додадете пиперки, топла вода и зачини, па динстајте на умерена температура уште 20 минути. Пред крај на готвењето истурете и слатка павлака, и гответе уште 5 минути.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi