
Во продажниот салон на Био Доместик Миеле во населбата Автокоманда во Скопје, добитничката на рекордната премија Џокер со 6 погодоци во 88то коло, денес точно напладне ја подигна својата стоковата добивка од светски познатиот бренд Миеле.
88 коло на НОВОЛОТО 7/34, емитувано на 02.11.13, ја донесе премијата Џокер со 6 погодоци, вредна рекордни 3.003.077 денари. Дамата која ја направила уплатата, со што стана стана член на нашето среќно семејство добитници е Атанасовска Катерина од Делчево. Таа денес во просториите на продажниот салон Био Доместик Миеле, во друштво на познатата НОВОЛОТО водителка Марјана, ја подигна и својата стокова добивка- машината за перење од светски познатиот бренд Миеле, чиј застапник за Македонија е токму Био Доместик.
Само за потсетување, Катерина е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија, а својата уплата ја направила во продажното место Вера НБ во Делчево на 01.11.2013, пред да замине на работа, без поголеми очекувања. Уплатила две комбинации на Новолото и една комбинација Новолото Џокер за вкупен износ од 50 денари. Покрај паричната премија вредна 3.003.077 денари таа ја освои и стоковата добивка –машината за перење од брендот Миеле, токму благодаренеие на нејзиниот среќен избор во играта Џокер во Новолото 7/34.
Утрешното издание на 99 коло од НОВОЛОТО повторно ќе ги радува сите кои ќе се обидат да ја измерат среќата во нивниот избор на бројки. Само за потсетување дека и фондот за 7ка продолжува да расте, сега е фантастични 15.446.000 денари. Дали некој ќе ги добие ќе откриеме во среда на 11.12.13 по 20 часот на Сител телевизија со прекрасната Марјана. Интересно е тоа што многумина кои се занимаваат со моќта на бројките укажуваат дека токму утрешниот ден е уникатен датум токму поради редоследот на бројките, па зтоа ќе биде посебно интересно за сите кои веруваат во моќта на среќните бројки.
За добро!