
Десет години после почетокот на војната во Ирак докторите предупредуваат за абнормален број на деца родени со дефекти и канцер. Научниците сметаат дека овие проблеми се поврзани со бомбите со осиромашен ураниум и бел фосфор кои се употребувани во војната.
Во областа Фалуја процентот на деца родени со тешки пореметувања е многу поголем од оној после Хорошима и Нагасаки.
За време на бомбардирањето на Србија се употребени околу 15 тони осиромашен ураниум. Какви последици ќе има врз здравјето на жителите од регионот останува да видиме.