Почува потрагата по нацистичкото богатство

20 февруари, 20130
05

Еден израелски истражувач почна потрага по нацистичкото злато, за кое легендата вели дека е фрлено во езеро покрај Берлин во последните денови на Втората светска војна, а чија вредност изнесува околу милијарда долари.

Нацистите, а особено Херман Геринг, во текот на војната опљачкаа големо количество злато, кое го одзедоа пред ликвидирањето на жртвите, а се претпоставува дека на дното на езерото Штолпсе на север од главниот град на Германија лежат 18 сандаци со злато, дијаманти и платина, кои се фрлени непосредно пред капитулацијата на германската војска.

Израелецот Јарон Сворај, кој за својот проект има поддршка и од германската влада, ќе користи најсовремена опрема за да успее да ги лоцира сандаците со богатството, кои според приказната се фрлени по наредба на Херман Геринг во март 1945 година, пред Црвената армија да влезе во Берлин.

Очевидецот Екхард Лиц ѝ рекол на повоената комисија дека видел кога 30 затвореници од концентрационите логори истоварувале товар од камиони паркирани покрај езерото. Сандаците, кои се истоварени од камионите, потоа се однесени на средината на езерото и се фрлени во водата.

„Кога сандаците беа фрлени во езерото, видов дека затворениците се вратија на брегот, беа построени во линија и потоа беа стрелани“, рекол Лиц.

Господинот Сворај, кој поголем дел од својот живот го поминал следејќи ги антисемитските групи и барајќи го опљачканото богатство за време на војната, смета дека офицерот што ја командувал оваа операција подоцна побегнал во Јужна Америка.

Неговиот обид во езерото во Берлин да се пронајде богатството не е прв. За време на поделениот Берлин во 1980 година германската тајна полиција Штази се обиде со помош на воени нуркачи да го пронајде потопеното богатство, а истото се обидоа да го направат и една група бизнисмени пред  2 години.

„За мене оваа потрага не се однесува само на богатството што евентуално лежи на дното, туку ме интересира и поради луѓето од кои овие скапоцености се одземени. Сакам барем по толку време и тие да почувствуваат некој вид правда“, рече Јарон Сворај.

Во текот на Втората светска војна предмет на грабеж на нацистите не беа само пари и други скапоцености, туку и илјадници вредни уметнички дела, а акциите главно ги изведуваше дивизијата под директна команда на Херман Геринг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi