Коњот се разболел. Дошол ветеринар и препишал на селанецот лек за коњот.
Три дена да го лекува, а ако коњот не биде подобар, ќе мора да го убие. Тоа го слушнала свињата. Првиот ден на коњот не му е подобро, вторит ден, исто. Му приоѓа свињата и вели:
“Те молам стани, мораш да оздравиш!“
Но коњот не станува. Доаѓа и третиот ден, коњот сеуште лежи.
Свињата повторно го моли:
“Те молам стани, ако не станеш денес ќе те убијат…“
Наеднаш коњот станува и полека излегува од шталата. Гледајќи го коњот сите почнале да се радуваат, а селанецот радосно воскликнал:
“Ова мора да се прослави, вечерва ќе ја кољам свињата!“
Затоа подобро, за арно или за лошо, сеедно, не мешај се во туѓи работи!