Гаиола ( Isola Della Gaiola на италијански ) е мал остров во Заливот на Неапол, лоциран во срцето на подводниот парк Гаиола, заштитена област од околу 42 хектари. Ова мало парче земја изгледа убаво и мирно, но и покрај тоа има мрачна историја и локалните жители сметаат дека островот е проколнат, бидејќи во текот на годините голем број трагедии ги погодиле сопствениците и нивните семејствата.
Првата смрт се случила во 1920 година, која починал Ханс Браун, кој брзо пред смртта го купил овој визуелно интересен остров. Неговото безживотно тело е пронајдено замотано во тепих. Дури и неговата сопруга завршила трагично, се удавила на обалата на овој проколнат остров.
Потоа островот го купил германецот Ото Грунбак кој во вилата умрел од инфаркт. Следните сопственици биле пак италијанци кои на островот се самоубиле еден по еден.
Во низата несреќи кои ги доживеале сопствениците на овој остров, бил и еден од најбогатите луѓе на светот, Пол Гети, на кој во 1793 година му го киднапирале внукот, а во текот на целата голгота на малото момче дури и му го отсекле увото.
Италијанските власти веќе подолго време размислуваат да најдат некакво решение за овој проблем со проколнатиот острв кој е празен, без сопственик и низ него поминуваат само туристи кои на неколку часа шетаат во очекување да видат нешто што и сами не знаат што е!