Преживеал гром, напад од мајмуни, каснување од змија и ајкула

popara8 август, 20131min00

Ерик Нори, 40, од Флорида остана без дел од ногата кога на Бахамите беше нападнат од ајкула. Не е сигурно дали Ерик ја има најголемата несреќа или пак среќа, затоа што тој преживеал удар од гром, каснување од змија и два напади од мајмуни.ujed-ajkule

“Осетив крцкање на задниот дел на ногата кога, после подводен риболов се враќав на чамецот. Кога се свртив, ја видов ајкулата, а во нејзината уста имаше парче месо од мојата нога, па почнав брзо да пливам кон чамецот”, вели тој. Ерик успеал да го прекине крварењето со гумено црево од харпун.

Иако тој многупати бил во близина на смрт, вели дека кога го каснала ајкулата, мислел дека неговиот живот жавршува.

Веројатноста да ве нападне ајкула е еден спрема 11,5 милиони, а да ве удри гром (важи во САД) е еден спрема 280.000.

Пред неколку години, Ерик беше каснат од змија ѕвечарка и мораше да помине три години во интензивна нега, кога за малку ќе го изгубел екстремитетот. Тукушто се опоравил, бил нападнат од мајмун, кој за среќа не го загрозил неговиот живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma