Природен ботокс за лице: Се повеќе се откриваат придобивките од медот во негата на кожата

6 февруари, 20130
med

Мед, прополис и пчелин отров го стимулираат производството на колаген, намалување на брчките, спречуваат појава на акни, мозолчиња и црвенило, и помага кај побрзо лекување на кожата.
И ѕвездите се свртеа кон природата, а најновите производи за кои се полакомија се оние на база на мед. Медот е одличен помошник кај акните, егзема, дерматитис, псоријаза, па и рани.

“Освен медот, пчелниот отров ги намалува брчките и го намалува црвенилото на кожата. Стимулира регенерација на клетките на кожата, која се намалува со годините и зголемува со производството на колаген”, тврди британскиот дерматолог д-р Сунил Чопра.

Пчечниот отров токму поради тоа често се нарекува и природен ботокс затоа што стимулира производство на колаген, а безбеден е за секого, освен за оние кои се алергични на плчелини убоди.

Со медот и пчелниот отров, прополисот исто така има благотворно влијание врз кожата. Ги убива бактериите, ја спречува појавата на акни и црвенило, а богат е и со антиоксиданси кои успешно ја обновуваат кожата по изгорениците од сонце.

Медот ја обновува исушената кожа

Медот е богат со шеќери, витамини Б1, Б2, Б6 и витамин Ц, како и танини кои ја смируваат чувствителната кожа. Таа привлекува влага и ја задржува во кожата поради што се користи во козметичките препарати. Дехидрација може да предизвика пукање на кожата и појава на брчките, а медот во тој случај делува и како крема против брчки. Освен што ја храни кожата, ја подобрува циркулацијата и ја прави кожата еластична.

Помешајте една лажица мед со половина литар топла вода. Измијте се со добиената течност пред спиење и потоа исплакнете со вода. Постапката можете да ја повторувате секоја вечер.

Мед како средство против акни

Медот делува антибактериски, ги апсорбира нечистотиите од порите и спречува мастење на кожата, па со самото тоа и појавата на акни. Во сад ставете три лажици мед и лажица цимет, помешајте и нанесете на лице. Оставете да делува 15 минути и исплакнете со млака вода. Постапката повторувајте ја секоја недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi