Природен ‘face lifting’ пијалок од само 3 состојки!

15 февруари, 20130
facelifting

Тајната на младешкиот изглед не лежи само во содржината на скапите креми туку и во природните препарати од зелечук кои не се нанесуваат само на кожата туку се консумираат во облик на ‘face lifting’ пијалок. Ние ви носиме рецепт за еден таков чудотворен сок за кој ви се потребни само 3 состојки.

За чудотворниот напиток кој на вашата кожа ќе и даде затегнатост и еластичност, компонентите кои со години нашата кожа ги губи, ви се потребни краставица, целер и органски зелен чај.

За ‘face lifting’ напитокот ви е потребен зелен чај чие високо ниво на антиоксиданси го успорува процесот на стареење на кожата.

Смирувачкото и добротворното делување на краставицата добро е познато, а се препишува на кофеинската киселина и витаминот Ц, додека останатите состојки се важни за одржување на здравјето на сврзното ткиво на мускулите.

Таа го подобрува тенот и го одржува здравјето на кожата, а здружена со водата, природно ја хидратира и дава здрав сајај.

Целиот Б комплекс од целерот потикнува промена на јаглехидратите во телото и ја одржува кожата здрава, додека неговата главна состојкакумарин, спречува штетно делување на слободните радикали и кожата ја одржува блескава.

Третата состојка е неизбежниот зелен чај чие високо ниво на антиоксиданси, вклучувајќи ги витамините Е и Ц, го успорува процесот на стареење на кожата.

pijalok

Состојки за face lifting напитокот:

  • 2 излупени свежи краставици
  • 4 стебленца целер
  • 2 чаши органски зелен чај

Подготовка:

Во блендер ставете ги сите состојки и добро измиксирајте, по потреба додадете малку вода ако смесата е многу густа. Напитокот консумирајте го веднаш по подготовката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi