Таа не е само секси, таа е вистинска Femme Fatale. Ви ја претставуваме Моника Белучи и разголената тајна на нејзината убавина.
Таа е убедена дека е сон на милиони мажи по светот имено затоа што научила да верува во својата женственост. Магијата не се крие во скапата гардероба или пак професионалната шминка – се е сведува на тоа да се чуствуваш добро во сопственото тело, да го сакаш и да знаеш како да ги откриваш своите квалитети пред другите.
Убавината е здравје
Нејзино основно правило е да се храни само тогаш кога е навистина гладна, а за смтка на ова таа не го ограничува својот избор.
Вкусна диета
Што се однесува до храната актерката има едно правило, што и да избере за основно јадење, месо, риба или паста, тоа го комбинира задолжително со многу свежи салати и зеленчук. Основни елементи во нејзиното дневно мени се чајот, кафе без шеќер, јогур и природен цеден сок наутро.
Спорт и забава
Дури и после пораѓај има начин да изгледаш добро, убедена е таа и во нејзиниот случај тоа не подразбира холивудски трикови како детоксикација, ботокс или строги диети. Три пати седмино се занимава со фитнес, пливање или јога.
Актерката ги применува следниве процедури: два пати неделно прави пилинг на своето тело со био продукти. За лицето најчесто ја употребува традиционалната италијанска маска направена од авокадо и бадемово масло.
Убавината на Моника Белучи не бледнее. Како го постигнува ова? Еве го и нејзиниот одговор на прашањето во што се крие нејзината тајна:” Живејте во мир со себе си! Засакајте го своето тело и однесувајте се кон него со љубов!”