Карли Меккини(23) предава математика во средното училиште во Аурора, Колорадо, но според одлуката на одборот во моментов е суспендирана, бидејќи на Твитер објавила секси фотографии.
Покрај тоа таа се шегувала на сметка на нејзините ученици во сексуален контекст и споемнувала дрога и ‘двоен живот’.
Нејзиното име на Твитер е @ Crunk_Bear, а американските медиуми јавуваат дека нејзините објави на оваа друштвена мрежа биле премногу провокативни за училиштето.
На пример, 23 годишната учителка во една прилика напишала: “Гола, мокра, напушена…Гледам апсење од мојот дом! Смешно, бидејќи во мојот автомобил имам марихуана.”
Некои од нејзините објави ‘откриле‘ дека таа и не е баш посветена на својата работа, а меѓу студентите била познато како “Мис Бомбонче”.
Во интервју за локалната телевизија Меккини изјавила дека профилот на Твитер бил шега која ја започнала со својот пријател како и дека ‘непримерните’ постови биле објавени без нејзино знаење.
За сега, тоа е суспендиран, а властите во училишниот одбор само што почнаа детално да го истражуваат случајот.
http://www.youtube.com/watch?v=x4K_YVJh6SI&feature=player_embedded