Суташ млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт, се производите кои се произведени во Скопје и се веќе достапни во Македонија.
Суташ фабриката во Скопје, Македонија (Балканска Млекара) со преработувачки капацитет од 70 милиони литри годишно млеко, започна со производство. Генералниот менаџер на Балканска Млекара Али Мушфик Созер изјави: “Во изминатата година, ја подготвувавме фабриката во Скопје да започне со производство и инвестиравме 13 милиони евра. Подготвени сме да ги претставиме производите пред потрошувачите. Задоволни сме што нашата 38-годишна експертиза, посветеност и природен вкус ќе ги претставиме во Македонија. Веруваме дека нашите производи ќе бидат примени со позитивни реакции од страна на потрошувачите во Македонија, во земјата со која делиме заедничка култура и наследство. Започнувајќи од денес, производите на Суташ, млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт ќе бидат достапни на полиците во маркетите. Во текот на оваа година, наша цел е да го дистрибуираме нашиот природен вкус, да го зголемиме изборот, како во Македонија така и во останатите држави на Балканот.“
Созер објасни дека интегрираниот бизнис модел на Суташ, “Од трева до трпеза“ претставува гаранција за природен и вкусен производ и додаде, “Ние инвестираме во единствениот Суташ интегриран бизнис модел “Од трева до трпеза“ во целиот регион каде што сакаме да се етаблираме. Имаме намера да го примениме овој модел во Македонија, особено во млечната индустрија, продолжувајќи да инвестираме во едукативни центри, земјоделие, сточарски фарми, фабрика за сточарска храна и во рециклирачки и енергетски погони.“
Врз основа на планираната инвестиција, во Балканска Млекара Македонија се очекува
бројот на вработувања да достигне до 250 лица.
За Суташ
Основана во 2012 година, Балканска Млекара Македонија претставува подружница на Суташ; Турскиот бренд претставува лидер во млечната индустрија, кој веќе 7 години е предводник во Турција, рангиран како 67-ми меѓу топ 500 индустриски организации во 2012 година.
Суташ во Турција, може да се пофали со годишен преработувачки капацитет од 750 милиони литри, со 38-годишна експертиза и посветеност, и со 4.000 вработени во центрите за обука, фармите за истражување, фабриките за сточарска храна, фабриките за млечни производи и рециклирачките и енергетски погони, а сите се дел од изградениот интегриран бизнис модел “Од трева до трпеза”. Овој модел претставува гаранција за квалитетот и природниот вкус на производите како и огромен извор на индиректни вработени и редовен приход за дистрибуцијата.
Интегрираниот бизнис модел на Суташ “Од трева до трпеза” е планиран да се имплементира и во Македонија, да даде значителни резултати во однос на производството, вработеноста и распределбата на приходот врз основа на неговото влијание во сродните индустрии како што се земјоделието, сточарството, логистички и сродни услуги.
На 24.149 метри квадратни површина, Балканската Млекара Македонија има 70 милиони литри преработувачки капацитет. Притоа, се очекува бројот на вработени во Балканска Млекара Македонија да достигне до 250 лица врз основа на претстојните инвестиции.