Проверено: Жените се многу поубави отколку што сметаат дека се!

popara16 октомври, 201317min00
11

Дали знаете дека само 4% од жените мислат дека се убави? Токму поради тие причини е снимено ова видео кое покажува дека жените реално секогаш се поубави отколку самите тие сметаат.

Повикани се седум жени, бивш форензичар – уметник и седум непознати личности.

Прво жените седеле зад завеса и го опишувале своето лице на уметникот, кој ги изработувал нивните портрети. Потоа секоја од нив поминала одредено време со сосема непозната личност, која после тоа ја опишала соговорничката на уметникот.

Резултатите се неверојатни, бидејќи секој жена себеси се опишала така што на сликата не личи на себе, додека описот на непознатиот човек бил доволен за уметникот да направи реален портрет.

Кога го погледнале резултатот, некои од испитаничките заплакале, согледувајќи колку лошо мислење имале за себе…

httpv://www.youtube.com/watch?v=XpaOjMXyJGk#t=141