Првата фотографија на Сноуден во Москва

popara7 октомври, 201317min00
2

Бившиот службеник на американската НСА, Едвард Сноуден е забележан за прв пат откако во Русија доби азил.

Според информацијата од порталот Lifenews.ru, бившиот службеник на американската влада кој стои зад до сега најголемата разоткриена шпиунажа , е фотографиран во Москва, а до заклучокот стигнале врз основа на автомобилите на кои делумно се видливи руски регистарски таблици и ознаки за пешачки премин.

Од друга страна, адвокатот на Сноуден, Анатолиј Кучарена не го оспорува фактот дека на фотографијата е неговиот клиент, но го отфрла тврдењето на порталот дека бившиот соработник на ЦИА е фотографиран во руската престолнина.

“Тој е на сликата, тоа е очигледно, но не можете да тврдите дека е фотографиран во Mосква и тоа поради неколку неубедливи факти“, вели Кучарена и додава дека Сноуден има 24 часа обезбедување.

“Тој не се крие, може слободно да се движи бидејќи секој негов чекор е придружен од обезбедување. Не заборавајте дека тој во моментов е најбараниот американец во светот“, додава адвокатот.

Foto:Lifenews.ru

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag