По долго чекање, на јавноста конечно и е претставен првиот официјален портрет на војвотката Кејт Мидлтон.
Војвотката од Кембриџ го доби својот прв официјален портрет, но тој воопшто не ги исполни очекувањата на нејзините обожаватели.
Која ли е оваа Кејт Мидлтон која ја нацрта Пол Емсли? Портретот на принцезата кој беше промовиран во лондонската National Portrait Gallery прикажа една сосема поинаква Кејт.
На портретот, Мидлтон го нема препознатливиот сјај во очите, има чудно обликуван нос и изгледа видно постаро од тоа што навистина е.
Иако многумина останаа разочарани откако ја видоа сликата, но се верува дека самата принцезата била задоволна од крајниот резултат.
http://www.youtube.com/watch?v=kMwS49HTxHY&feature=player_embedded