Психотест: Каков маж Ви е потребен ?

popara13 март, 20131min00
12

1. Кој би бил Вашиот идеален партнер ?

А) Даниел Крег

Б)Колин Фарел

В)Том Хенкс

2.Како најмногу ги привлекувате мажите ?

А) Се правам недостапна

Б) Непредвидлива сум

В) Пријатно друштво сум

3. Како би изгледал Вашиот идеален состанок ?

А) Вечера во ресторан со свеќи

Б) Излегување во ноќен клуб

В) Гледање филм со пуканки

4) Кога станува збор за секс, што Ви се допаѓа најмногу ?

А) Масажа и предигра со свеќи

Б) Брз секс на чудно место

В) Секс во удобна положба

5)Најважен квалитет кој едно машко мора да го има е:

А) Да биде романтичен

Б) Да биде возбудлив

В) Да биде добар пријател

6)Кој би требало да го направи првиот потег ?

А) Машкото, секако

Б) Не е важно, само да се почне

В) Двајцата треба да покажат интерес

7) Што сакате од љубовната врска ?

А) Сродна душа

Б) Човек од акција

В) Рамноправен партнер

8)Кој е најверојатниот партнер за машкото да прекине со Вас ?

А) Премногу сум таинствена

Б) Премногу барам

В) Јас сум му како сестра

 

Најмногу одговори под А: Вистинска романтичарка

Сакате кога некој Ве лигави, Ве пази и Ви се воодушевува. Во врска сте малку старомодни, тој треба да биде ловец, а Вие таинствени. Ве привлекуваат мажи како Ѕверките од „ Сексот и градот “, кои знаат каде да Ве одведат за да Ве освојат. Меѓутоа, галантни мажи не се совршен избор, можат да бидат површни бидејќи се трудат да создадат илузија на совршенство. Идеален за Вас е некој кој е истовремено романтичен и спремен да зборува за своите чувства.

Најмногу одговори под Б:  Зависничка од страст

Вашиот живот е доста бурен, полн со издигнувања и падови. Ако машкото не Ве возбудува и не Ве става на искушенија, Ви станува досадно. Кај машките, често паѓате на физички изглед и сексуална хемија. Ви треба маж кој не е папучар, за да не Ви здосади брзо, но ни женкар. За среќа се уште постојат оние кои се забавни и интересни, а сепак добри во срцето.

Најмногу одговори под В: Девојка од соседството

Добродушни сте и приврзани, а во врска барате и нудите сигурност. По малку сте наивни при процената на туѓ карактер бидејќи Вие секогаш го гледате најдоброто во другите. Ве привлекуваат самоуверени и добродушни машки. Идеалниот маж е оној кој ги поседува квалитетите кои ги цените, а истовремено не се плаши од животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag