Пушачите добиваат 7 килограми плус поради бактерија во цревата

31 август, 20130
5

Вистина е дека кој ќе ги остави цигарите ќе се здебели дури и кога храната што ја внесува е иста како претходно. Швајцарските научници откриле дека дури 80% од луѓето кои престануваат да пушат во рок од само неколку месеци добиваат во просек 7 килограми и тоа сало. Оваа нелогичност ги натерала да откријат зошто ова се случува.

Одговорот го нашле во цревата. Всушност кога човек ќе престане да пуши се менува и составот на цревната флора. Наместо бактерии од родот Фирмикутес и Актинобактерија во цревата се населуваат далеку поефикасните преработувачи на храна од видот Протеобактерија и Бактероидес кои водат до подобро искористување на хранливите материи па со самото тоа и дебелеење.

Истражувањето покажало дека пушачите кои откако ќе ги остават цигарите веднаш преминат на друг режим на исхрана кој вклучува повеќе зеленчук и овошје имаат поголеми шанси да не ги добијат седумте килограми пресметани во масни наслаги.

Практичен совет за сите оние кои ќе ги остават цигарите – Доколку се плашите дека ќе се здебелите, единствено што треба е да го смените режимот на исхрана, помалку калории и повеќе здрава храна.

ugojio se, debeo, mršav, smršati, ilustracija, debljina

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi