Путин и неговата КГБ легенда од Дрезден!

31 јули, 20130
1

Претседателот на Русија Владимир Путин не случајно се најде на чело на најголемата држава во светот. За тоа зборуваат податоците од времето кога се рушеше Берлинскиот ѕид и кога Путин имаше висок чин во КГБ.

Ноќта 1989 кога е срушен Берлинскиот ѕид 5000 пијани германци со пивски шишиња во рака продреле во дворот на управата на КГБ во Дрезден  чиј старешина се исплашил и побегнал. Одговорноста ја превземал најстариот по чин полковник кој од соседниот гарнизон на советската армија побарал помош, но генералот го одбил бидејќи немало наредба од Москва.

Пред толпата пијани и борбено расположени германци излегол Владимир Путин, полковник на КГБ со намера да ги вразуми и се обратил со следниве зборови:

“Тоа што е срушен Берлинскиот ѕид е добар гест од страна на нашата земја. Оваа зграда ние ја чуваме бидејќи е сопственост на СССР. Дали ме разбравте? Ова е имот на друга држава! Ние офицерите ја чуваме и го исполнуваме својот долг. А офицери на КГБ во зградата имало само 8. Полковникот стоел пред толпата попречувајќи им да влезат. Имал пиштол во рака со 12 куршуми.

“Вие знаете дека јас сум офицер и имам пиштол со 12 куршуми. Еден куршум оставив за себе, но сум решен да ја исполнам мојата должност. Поинаку не можам, јас сум офицер“.

Никој од германците таа ноќ не влегле во зградата на КГБ во Дрезден, а тајните документи од архивата останале недопрени. Во Дрезден и денес се прераскажува оваа легенда, а германците се горди што тогаш го послушале младиот полковник на КГБ чие име во тој момент ништо не им значело.

Vladimir Putin

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *