Путин: Не постои поголема сила од Русија!

12 декември, 20130
20

Во своето годишно обраќање пред рускиот парламент, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин изјавил дека никој во светот не може да има илузија за воена надмоќ над Русија, бидејќи Русија тоа нема да го дозволи.

Тој нагласил дека “противоракетниот штит не е само одбрамбен систем“, а дека во пракса претставува “суштински дел од страшкиот потенцијал за напад“.

Русија не се наметнува како над – држава

Русија тежнее да биде лидер на меѓународната сцена која го штити меѓународното право и суверенитетот на државите но не претендира да биде над – држава која ги наметнува своите интереси, изјавил Путин.

“Ние не претендираме да бидеме над – држава, што значи стремеж кон светска или регионална хегемонија, не се мешаме во туѓите интереси, не се наметнуваме како покровители, не се обидуваме никого да го учиме како да живее, но сакаме да бидеме лидери кога станува збор за меѓународното право што значи почит кон националниот суверенитет, независност и слобода на народот“, изјавил Путин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi