Путин: Русија и Кина се на вистинскиот пат!

popara22 март, 20131min00
2

Москва – Непосредно пред посетата на новиот кинески лидер во Москва, Владимир Путин изјавил дека партнерството помеѓу двете земји допринесува за глобалната безбедност и создавање правилен светски поредок.

Русија е првата посетена земја од стапувањето на должност на новиот кинески лидер Си Џинпинг. Путин пак изјавил дека доаѓањето на новиот шеф на чело на кинеската држава во Москва го потврдува „специјаниот карактер на меѓусебното стратешко партнерство“.

Рускиот претседател додал дека Русија и Кина покажале дека е возможен балансиран и прагматичен пристап кон меѓународните кризи – судејќи по се се мисли на нивната цврста позиција против санкциите кои САД и нејзините сојузници сакаат да ги воведат во сиријскиот регион.