Грлото што често се воспалува, луѓето го нарекуваат “болно” или “слабо” . Понекогаш грлото не боли речиси секоја недела, а тоа е последица на хронично воспаление.
Многу често дури и лекарите специјалисти советуваат да се користат проверени народни рецепти за лекување на воспаленото грло – гаргара со пијалоци од билки, со постепено намалување на температурата. Нема убедливи докази дека многу ладната гаргара дејствува опоравувачки. Важно при третманот на грлото е да не се прегрее особено во почетокот на болеста. Да не се јаде горчлива храна. Исто така погрешно е верувањето дека треба да се прави гаргара со алкохол, тоа ја разнесува инфекцијата по целото тело.
Рецепта за гаргара:
Земете чаша топла вода (200-250мл) додадете 1 лажичка нормална кујнска сол, и една лажичка сода бикарбона. Сето тоа добро измешајте го. Со растворот исплакнете ја устата. Во зависност од степенот на болеста, гаргарата се прави на секои половина или еден час. Ако и носот е затнат, овој раствор прилично добро функционира при шмркање, но ако не ви е пријатно само натопете го прстот и ставете во ноздрите.
Кај повозрасните пред спиење добро делува на грлото да испијат загреано вино со малку црн бибер и мед.