Руски блинчики со лосос

popara17 јануари, 20131min00
blini

Потребни состојки:

За блинчики:

  • 160гр компир
  • 2 јајца
  • 15гр путер
  • малку прашок за пециво
  • сол
  • морско оревче
  • масло

За прелив:

  • 100гр чаден лосос или мала тегла кавијар
  • 3 лажици кисела павлака
  • лажица лук
  • сол

Начин на подготовка:

Сварете го компирот и испасирајте го. Додадете путер, јајца, сол, морско оревче и прашок за пециво, па се добро измешајте. Со лажица извадете ја смесата од компирот и пржете на врело масло од двете страни. Подготвените блинчики исцедете ги на кујнска хартија и ставете ги на чинија за служење. Ситно исецканиот лосос или кавијар помешајте го со павлака, лук и соја, па прелијте ги блинчиките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma