Руски тајкун отворил музеј за скапоцени “Фаберже – јајца“

popara20 ноември, 201317min00
1

Рускиот нафташ, тајкунот Виктор Векселберг отворил во Санкт Петербург музеј со колекција Фаберже украсни јајца која некогаш припаѓала на руските цареви, а која тој во 2004 година ја откупил од американскиот магнат Малколм Форбс.

Во новиот музеј сместен во палатата Шувалов во самиот центар на градот, изложени се 9 скапоцени јајца кои за кралското семејство Романов ги направил славниот руску јувелир Петар Крал Фаберже, како и илјадници други скапоцени предмети, од икони до кутии за цигари.

Фаберже кој бил јувелир на царскиот двор направил околу 50 вакви јајца. После Октомвриската револуција болшевиците голем дел од овие јајца ги продале во странство, додека еден дел, бегајќи од земјата, ги сочувале членовите на кралското семејство.

Векселберговата колекција која важи за една од најдобрите во светот се проценува на 90 милиони долари. Единствено музејот во Кремаљ има поголем број јајца – десет.

Foto: Wikipedia / shakko