Сакате обемна коса како на Џеј Ло? Тука се нејзините трикови!

popara7 март, 20131min00
16

Фризурата е еден од најважните елементи за комплетниот изглед на една жена. Латино дивата секогаш прави позитивен впечаток со својата добро негувана и секогаш совршено обликувана коса.

Затоа денес решивме да разгледаме неколку од фризурите на дивата, со кои сме ја виделе на големите светски настани. Независно од тоа дали ја носи права, небрежно прекршена или со убави кадрици, нејзината коса секогаш изгледа прекрасно.

Погледнете ги нашите совети за постигнување обем како нејзиниот:

Како прво треба да користите шампон за обем. Потребна ви е пена за коса, лак со силна фиксација или други производи кои се незаменлив помошник при создавањето на бујна и обемна коса.

Важно е да не ги нанесувате препаратите на многу мокра коса, бидејќи нема да се постигне бараниот резултат. Треба лесно да се засуши косата, а после тоа нанесете стилизанти и довршете со фен насочувајќи ја воздушната струја во различни насоки.

За обем во коренот на косата користете дифузер. При употреба на лак за коса наведнете ја главата надолу, косата слободно да виси и така испрскајте.

Дру трик се светлите прамени. Ако се загледате во косата на Џеј Ло, ќе забележите праменчиња, кои се една нијанса посветли од природната боја. Преку нив се постигнува дополнителна оптичка изузија за обем.