Само со едно видео заработи 8 милиони долари!

23 јануари, 20130
psy_gangnam_style

Видео спотот за хитот ‘Gangnam style’ кој има преку една милијарда прегледи, го собори Гинисовиот рекорд…но, тоа не е се!

Видеоплатформата YouTube заработи одлични 8 милиони долари благодарение на само една песна, планетарно популарната Gangnam Style од јужнокорејскиот пејач Psy и тоа од реклами, соопштуваат од Google во чија сопственост е овој видео сервис.

Во декември, видеото за Gangnam Style стана првото видео на светот кое ја надмина бројката од 1 милијарда прегледи на YouTube. Приходите од рекламите кои се појавуваат во текот на прегледите на таа песна надминаа 8 милиони долари, вклучително од јуни 2012 година, кога песната беше поставена на YouTube.

Како што беше соопштено, заработката од рекламите се дели со авторот на содржината.

Инаку, планетарно популарната песна Gangnam Style на пејачот Парк Јае Санг досега му донесе неколку милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber