
Од мали не учат дека треба да стоиме со исправен грб, со високо дигната глава, да се движиме елегантно, да имаме самодоверба… Тие совети воопшто не се случајни.
Тие можат да го сменат начинот на кој настапуваме кон светот и начинот на кој светот не перцепира.
Самодовербата е основната тема во новиот проект на фотографот Грација Хаген – “Илузијата на телото“.
Овде таа претставува уникатна промена на надворешниот изглед како резултат на поинаков начин на појавување и влијанието на самодовербата.
Грација тврди дека целта на проектот е да ги натера жените да ја согледаат разликата и да сватат како изгледа и се однесува жена без и со самодоверба.




