Се кренал мостот, женава останала да виси! (видео)

popara14 октомври, 201318min00
6

Жена од Дани Бич, Флорида преминувала преку железнички мост кога конструкцијата наеднаш почнала да се крева. Жената имала само време да се фати за шините и така да ги дочека пожарникарите кои ја спасиле.

Оваа 55 годишна жена имала среќа што во близина на мостот имало многу минувачи кои откако сватиле што се случува веднаш повикале помош.

Многу мобилни телефони го снимиле настанот, па видеото набрзо се најде и на Јутјуб.

Жената на крај поминала неповредена иако за тие 15 минути додека висела од мостот преживеала невиден шок.

Треба да се додаде дека за несреќата е сама крива бидејќи на мостот стои ознака дека за пешаците пристапот не е дозволен, а во близина се наоѓа и друг пешачки мост.

Printskrin: Youtube/ViralNEWSofDay

Printskrin: Youtube/ViralNEWSofDay

httpv://www.youtube.com/watch?v=SCM-bvBa3OU