Се за пари: Би се откажале од секс, би ги издале најдобрите пријатели…

popara20 септември, 201317min00
4

Нема да верувате на што се се подготвени луѓето за да добијат милион фунти…

Прашањето: Што би направиле за да добиете милион фунти? , од анкетата која неодамна беше спроведена во Англија даде мошне интересни одговори. Гладот за пари може да натера некои луѓе да превземат неочекувани и застрашувачки одлуки и дејствија.

Секој десетти маж изјавил дека без размислување би раскинал со својата партнерка, па дури и дека до крајот на животот би живеел во целибат само за да стане милионер. На ваков чекор е подготвена секоја дваесетта жена.

Љубовните врски не се единствените кои би биле избришани само со еден потег поради пари. 11% од мажите и 5% од жените изјавиле дека за тие пари би го свртеле грбот на најдобрите пријатели. Мажите исто така се спремни засекогаш да се откажат од пиво, додека жените доброволно ветиле дека никогаш не би вкусиле чоколада.

Истражувачите сакале да дознаат и за тоа како луѓето би ги потрошиле парите ако ги добијат. Повеќето жени одговориле дека би си купиле “супер партнер“, додека мажите изјавиле дека би платиле најголема цена за да станат врвни спортисти или да се стекнат со надприродни сили.

Foto: freedigitalphotos.net/kupovinascottchan

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma