Време е да размислиме за врвна облека и тоа во согласност со најновите колекции кои ги нудат модните брендови.
Од Max Mara ни претставуваат еден свеж, романтичен пристап кон зимската мода, која како и секогаш зрачи елеганција, практичност и сексапил.
Подолу ќе видите кадри од зимската кампања за 2013, на кои позираат двете прекрасни манекенки Тони Гарн и Кверел Јансен. Двете убавици се одличен тандем на спротивностите – едната русокоса, другата темнокоса.
Max Mara и овој пат не заинтригира со неверојатно убави палта и облека, кои секоја жена би сакала да ги облече.
Во мода ќе бидат дизајнираните хулахопки и крзнени јакички. Широк спектар на џемпери ги очекува дамите.
Тоалетите се едноставни во типични бои за студените месеци како беж, сива, црна, кафеава.