Сестринска љубов

13 февруари, 20130
sisters1

Еден златар си седел во својот дуќан и низ излогот ги гледал минувачите.
Едно девојче се доближило до излогот. Прекрасните сини очи добиле радосен сјај гледајќи во еден од изложените предмети.
Одлучно влегла во дуќанот и со раката покажала кон една тиркизно сина огрлица.
– За сестра ми е, може ли да ми ја запакувате како поклон?
Трговецот просто не си верувал и го прашал девојчето: „ Колку пари имаш?“
Девојчето се дигнало на прсти и отворило лимена кутија полна со неколку банкноти, ситни пари, школки и играчки.
Ќе биде ли доволно? – прашала гордо.
Сакав на постарата сестра да и купам поклон. Откако ја нема мајка ни, таа само работи и нема време за себе. Денес и е роденден. Мислам дека поклонот ќе ја израдува. А нејзините очи ја имаат истата боја.
Трговецот отишол назад, го спакувал поклонот и го дал на девојчето.
Земи ја, внимавај и оди дома кај сестра ти.
Таа гордо го зела поклонот и тргнала дома.
Еден час покасно во дуќанот влегла прекрасна девојка со коса боја на мед и прекрасни тиркизно сини очи. Ја ставила кутијата на пултот и прашала:
– „ Дали ова е купено овде?“
– „ Да, госпоѓице “ – одговорил трговецот.
– „ Колку чини ова?“
– „ Во мојот дуќан цените се доверливи, не можам да ви кажам“ – одговорил трговецот.
– „ Но мојата сестра имаше само малку ситни пари, сигурно не можела ова да го плати.“
Трговецот ја затвори кутијата како што беше и и ја даде на девојката.
„Вашата сестра ја плати највисоката цена, ДАДЕ СЕ ШТО ИМАШЕ.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi