Северина: Политичири, барајте ме, но скапо ќе ме платите!

27 февруари, 20130
6

Хрватската ѕвезда Северина (40) минатата недела на прес конференцијата по повод нејзината најнова турнеја меѓу другото зборувала и за тоа дали планира да се ангажира политички и зошто сака да пее разголена.

„Ако било кога се ангажирам политички, да знаете дека сигурно сум полудела“, изјавила и додала дека сепак не би било лошо лидерите на политичките кампањи да ја побараат, бидејќи продукцијата на нејзиниот концерт била доста скапа.

Одговорила и на изјавата на Мишо Ковач кој рекол дека таа е единствената пејачка која ја интересираат само парите.

„Јас мислам дека Мишо Ковач е легенда и дека све што ќе каже тој е вистина“, рекла Северина и додала дека нејзиниот мотив за да се занимава со музика не се сменил уште од нејзината осма година.

А во однос на нејзиниот разголен стајлинг еве што изјавила: „Веројатно тоа доаѓа со годините. Кога сте млади немате самодоверба. Кога имав 20 години верував дека имам криви нозе и се нешто ми недостигаше во однос на физичкиот изглед. Но самодовербата се билда со тек на годините“.

Severina u toplesu

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi