
После прелетувањето на американските воени авиони над оваа земја, севернокорејските ракети се спремни за напад, а Ким Џонг Ун чека на следната провокација од САД.
Севернокорејскиот лидер наредил утрово подготовка за евентуален ракетен напад врз американските бази во Пацификот, како одговор на американските воени вежби над територијата на Корејскиот полуостров.
Во случај на дрска провокација од страна на САД, севернокорејските сили ќе мораат без милост да го нападнат американскиот континент…американските бази на Пацификот, вклучувајќи ги Хаваите и Гуам, како и оние кои се наоѓаат во Јужна Кореја, изјавил Ким.
„Дојде време да се пресметаме со САД“, предупредил Ким. „Доколку САД почне непромислено да провоцира, Северна Кореја немилосрдно ќе ги нападне американските мети“, додава тој.