
Пјонгјанг – Севернокорејската војска објавила дека веќе има конечно одобрување за почеток на воени операции против САД и Јужна Кореја, вклучувајќи и нуклеарен напад.
„Службено ја известивме Белата куќа и Пентагон дека интензивната непријателска политика насочена кон ДНР Кореја ќе биде скршена…“ гласи во официјалното соопштение од штабот на севернокорејската војска.
„Немилосрдната операција на севернокорејските сили е дефинитивно разгледана и потврдена“, стои во соопштението кое државната новинарска агенција на Северна Кореја го објавила на својот сервис на англиски јазик.