Шеикот Абдулах ал Тани: Мојот коњ е поскап од Роналдо!

14 март, 20130
6

Сопственикот на шпанската Малага шеикот Абдулах ал Тани се пофалил дека неговиот коњ е поскап од ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Расниот арапски коњ според зборовите на сопственикот на Малага е поскап од било кој фудбалер.

Неговата вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, а познато е дека Кристијано Роналдо премина во Реал од Манчестер за 96 милиони евра.

Миленикот на шеикот припаѓа во исклучително ретката врста египетски пастуви кои ги има само 4000 вкупно ширум светот. Овој миленик не може било кој да го купи дури и ако поседува доволно пари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *