Шимпанзи пуштени на сонце по 35 години

popara21 август, 20132min00
article-2034439-0DBB80A900000578-629_634x405

Како затвореници кои целиот живот го поминале позади решетки, група шимпанзи за прв пат по 35 години го видоа и осетија сонцето. Тие со насмевка излегоа и го поздравија светот. За прв пат по 35 години ја осетија тревата под нив и вдишаа свеж воздух.

Иако некои од нив биле родени во лабораториите каде што беа затворени, голем број од нив биле киднапирани од афричките џунгли како бебиња и со авион пренесени во Европа. Таму тие беа затворени во метални рабораториски кафези и беа користени за разни експерименти.

article-2034439-0DBB806100000578-987_306x423

Целта на компанијата која експериментирала на нив била да се пронајде вакцина против сидата. Затоа што шимпанзите имаат 99% идентична ДНК со таа на човекот, тие беа првиот избор за истражувањата. Но, тоа значело дека ќе поминат низ ужасни суровости низ годините, вклучувајќи инфектирањето со ХИВ.

article-2034439-0DC15D9A00000578-527_634x654

Врзани за машини и напумпани со хемикалии, тие беа вистински затвореници во ужасен затвор. Без никаква стимулација или љубов, тие немаа надеж и многу од нив буквално беа донесени до лудост и понатаму.

article-2034439-0DBB80A900000578-629_634x405

Но, целиот тој ужас конечно завршил во Септември 2011, кога преживеаните 38 шимпанзи беа пуштени во засолниште во Австрија. Таму тие ќе можат да го поминат својот преостанат живот заедно и среќно, благодарение на 59 годишниот конзервационист Михаел Ауфхаузер. Тој е основач на добротворна организација за животни која е присутна во 4 европски држави. Тој го надгледуваше градењето на засолништето, кое чинеше околу 3 милиони фунти.

article-2034439-0DBB7FA500000578-543_306x338 article-2034439-0DC1950C00000578-311_306x423 article-2034439-0DBEA98B00000578-726_634x342

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag