Шокантно видео: Групно силување во центарот на Каиро!

4 февруари, 20131

Видео снимка која прикажува групно силување на плоштадот Тахрир во Каиро укажува на хоророт низ кој поминуваат политичките активистки на протестите во Египет.

Активистките велат дека исламистистичките силувачи се обидуваат на овој начин да ги дискредитираат протестите.

Египетските активисти објавиле шокантна видео снимка, на која се гледа како една група мажи силуваат жена на плоштадот “Тахрир” во Каиро.

Минатата недела имало повеќе напади на жени демонстрантите, од кои најмалку 20 биле жртви на сексуална злоупотреба.

На снимката, снимена од далечина, се гледаат голем број на луѓе кои се тепаат околу жртвата, иако таа не се гледа. Снимката ја прати спикер кој детално опишува што се случува.

Снимката ја објавила групата “Операција за борба против сексуалното злоставување“, која беше формирана во ноември минатата година со цел борба против насилство врз жените.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=nOeGXAo2VUk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber