
Бијонсе од својата исхрана го исклучила месото и се што е од животинско потекло за да се врати во топ форма, како пред бременоста.
Строгиот режим на исхрана што за Бијонсе е специјално направен од страна на врвни нутриционисти вклучува само овошје, зеленчук, житарици и семки. Нејзиниот индивидуален инструктор во една прилика ни открива како Бијонсе успеа така брзо да се врати во форма и да намали доста килограми веднаш после раѓањето на нејзината ќерка.
„Обично своите клиенти ги советувам да јадат што повеќе овошје и зеленчук додека се на диета. Бијонсе во моментов јаде само еден вегетеријански оброк во текот на денот“, вели Марко Боргес.
Бијонсе од својата исхрана сосема ги исфрлила месото и сите производи од животинско потекло. Јаде само еднаш на ден за да ја врати својата идеална тежина. Иако за време на бременоста претежно конзумирала вегетеријанска храна за да не накачи многу килограми, таа овој пат целосно се одлучила за тој режим на исхрана.