Овој сируп е мошне здрав и наменет за луѓето кои имаат лоша крвна слика. После два месеци конзумација значително ќе ги подобрите вредностите.
Состојки: 1 кг цвекло, половина килограм моркови, 3 помали портокали или само 2 ако се големи (во помалите има повеќе сок), половина килограм кисели јаболка, 1 лимон и 500 гр домашен мед.
Подготовка: Цвеклото, морковот и јаболката се лупат и сецкаат на помали парчиња па се цедат во соковник. Ги цедиме посебно лимонот и портокалите и ги додаваме во сокот од соковникот, па додаваме мед (најдобро липов, багремов или ливадски). Се повремено мешаме со цел медот да се раствори во сокот.
Сирупот се префрла во стаклени садови. Се добива околу литар и пол до два литри сируп. Сирупот пијте го секое утро на празен желудник околу 1 децилитар разблажен со вода бидејќи вака е многу благ. Вкусен е, многу хранлив и здрав.