Скапоцената кора од портокалот

4 февруари, 20130
portokal

Повеќето луѓе ја фрлаат кората од портокалот, некои поради тоа што не им се допаѓа вкусот, а други бидејќи веруваат дека е нездрава и нема хранлива вредност. Тоа се однесува и на кората од портокалот која е, како што тврдат научниците, исклучително здрава и содржи дури 200% повеќе влакна од плодот.

Затоа, на луѓето со дигестивни проблеми се препорачува чај кој е одличен лаксатив, а се подготвува на следниот начин:лажичка ситно исецкана кора од портокал прелијте со 2дл зовриена вода, оставете покриено да отстои 15 минути и исцедете. Пијте 1-2 чаши во текот на денот.

Инаку, со џвакање кора од портокал може да се победи лошиот здив, но само ако тоа се прави подолго време. Малку е познато дека надворешната обвивка на овој здрав плод содржи три пати повеќе калзиум од целулоза, поради што е идеална намирница во борба против остеопороза. Меѓутоа, треба да имате на ум дека портокалите денес се прскаат со пестициди, што значи дека во кората секогаш останува висока концентрација на токсини.

Значи, пред употреба добро измијте, а ако купувате сушена кора, тогаш претходно уверете се дека доаѓа од доверлив производител.

Можете едноставно да џвакате парче кора, но се препорачува да се почне со помали количини. Исто така, можете да ја изрендате преку салата или десерт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi