Скопјанецот Миле со новиот Голф 7 ќе се упати кон Охрид за новогодишните празници

popara20 декември, 201335min00
loto

Забавно и добитно цела 2013 година, заедно со игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Ова со сигурност го покажуваат и насмевките на лицата на нашите среќни добитници, а нивниот  број и понатаму расте. Овојпат се надополни со уште едно среќно семејство чијшто член во Новата 2014 ќе влезе со нов прекрасен автомобил ГОЛФ 7. Денес во срцето на Скопје на плоштадот Македонија, пред специјално уредениот простор на Државна лотарија на Македонија,  нашиот најнов среќен играч ги доби своите клучеви.

 Михајловски Миле од скопската населба Карпош 4 е уште еден среќен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Тој 2013та со сигурност ќе ја памети како убава и среќна година, поради тоа што токму оваа година му  се случи токму тој даја освои премијата во Инстант лотаријата 7ма БРЗИНА. Како редовен играч на инстант лотаријата, тој потсвесно посакувал да освои Рено Твинго или ГОЛФ 7, па токму поради оваа причина и негов најчест избор од игрите на среќа на Државна лотарија на Мкедонија биле Твингоманија и 7ма Брзина. Во ТЦ Скопје Сити Мол во продажното место Експанда купил еден експес лоз чија премија била 40 денари, па ја заменил со уште еден. Токму вториот бил оној вистинскиот чија стрелка го насочила кон сигурната премија ГОЛФ 7.  Миле пресреќен од својата премија, посакува токму со својот нов автомобил, новогодишните празници да ги дочека во Охрид.

 

Само за потсетување досега покрај четирите премии – автомобил Голф 7, имаме и по еден добитник на 100 илјади и уште еден кој освои 50 илјади денари во најновата Инстант лотарија на Државна лотарија на Македонија, 7ма Брзина. Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА беше лансирана на 10ти јули годинава, а  на играчите на игрите на среќа им овозможува на лесен, забавен и евтин начин да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.

 

Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на  брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80….50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.

За добро,

Државна Лотарија на Македонија