Скотланд Јард: Нема цврсти докази дека принцезата Дајана е убиена!

17 декември, 20130
16

Британскиот Скотланд Јард соопштил денес дека е завршена истрагата по повод новите информации за смртта на принцезата Дајана во 1997 година во Париз и дека не успеале да најдат цврсти докази дека се работи за убиство.

Скотланд Јард уште во август објави дека ја проверува веродостојноста на наводните докази за смртта на Дајана и Доди Фајед, вклучувајќи ги и дојавите дека била убиена од страна на британска воена фигура.

          Полициската служба Метрополитан била одговорна за истрагата и проценката на релевантноста и кредибилитетот на тие информации. Таа истрага сега е завршена – се вели во соопштението.

Потпаролот на Метрополитан изјавил дека нема да се дискутира за изворите и новите факти, а потпаролот на кралското семејство нагласил дека нема да има никакви изјави од страна на принцот Вилијам и Хари.

Foto: Profimedia

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi