Слободно пцујте и вреѓајте председатели:)

26 јули, 20130
4

Во Франција е усвоен нов амандман кој ја брани слободата на говорот и врз основа на кој секој граѓанин има право да ги навредува политичките фигури во државата, а сега и претседателот.

Порано тоа било забрането и казниво со закон. Но сепак слободата на говорот победила и сега претседателот е поместен во истата категорија со министрите и амбасадорите. Доколку дојде до судска парница единствено што претседателот може да направи е да се жали за клевета и јавно оцрнување, но обичните навреди не се проблем.

Имено европските судови се заслужни за оваа одлука. Европскиот суд за човекови права смета дека Франција го прекршила правото на изразување на еден од демонстрантите кој бил парично казнет бидејќи носел банер кој се однесувал на бившиот претседател Никола Саркози и на кој пишувало: “Губи се кретену!“

Сепак според европските закони слободата на изразување дозволува да носите вакви пораки. Ете, баш фино!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma