Смачено ви е од пеглање? Погледнете, ова е она вистинското за вас!

popara11 октомври, 201318min00
5

Пеглањето веројатно припаѓа меѓу најдосадните домашни обврски, но изгледа дека германците најпосле ставија крај на овие маки🙂

Станува збор за делумно бизарен изум наречен Туби, кој истовремено ја суши и пегла вашата облека.

Иако не изгледа баш репрезентативно, Туби е првата автоматска пегла. Корисниците ја навлекуваат облеката преку вреќа која е исполнета со врел воздух кој ги исправува наборите на облеката.

Меѓутоа за да се спасите од пеглање ќе треба да искеширате 1000 евра.

Карина Краус, жената што го создала Туби за овој производ вели: “Предноста на Туби е прилично јасна – можете да ги сушите и пеглате алиштата истовремено. Нашиот производ го купуваат обичните луѓе кои мразат да пеглаат, а потенцијалните потрошувачи доаѓаат во нашата продавница со облека за да проверат дали нашите реклами се вистинити“.

httpv://www.youtube.com/watch?v=QJVh-RhpMY0

httpv://www.youtube.com/watch?v=_8gejsIpYHw